петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Трамп: Можно е принцот Бин Салман да знаел за убиството на Кашоги

Трамп: Можно е принцот Бин Салман да знаел за убиството на Кашоги

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека САД ќе останат покрај Саудиска Арабија и покрај тоа што е „многу веројатно“ дека принцот Мохамед бин Салман знаел за убиството на новинарот Џамал Кашоги.

Во соопштението од Белата куќа, Трамп порачува дека и покрај тоа САД остануваат „доверлив партнер“ на Саудиска Арабија.

– Нашите разузнавачки служби ќе продолжат да ги анализираат сите информации, но сосема е можно дека престолонаследникот, принцот Бин Салман да бил запознаен со тој трагичен настан. Можеби знаел, можеби не, рече Трамп, нагласувајќи дека злосторството против Кашоги е ужасно и оти Америка не го одобрува.

Тој додаде дека нема намера да ги откаже постигнатите договори со Ријад, бидејќи од тоа корист би имале само Русија и Кина.

МИА