Заминувајќи од Белата куќа, поранешниот американски претседател Доналд Трамп ги земал и писмата од неговиот претходник Барак Обама и од севернокорејскиот водач Ким Џонг-ун, па Националниот архив морал да испрати луѓе по нив на Флорида.
На крајот од мандатот американските претседатели мора сета своја електронска пошта, писма и други работни документи да му ги предадат на Националниот архив кој е задолжен за нивното чување.
Но заминувајќи до Белата куќа, Трамп решил неколку картонски кутии да понесе во својата резиденција во Мар-а-Лаго на Флорида, соопшти во понеделникот Националниот архив.
Во кутиите, како што пишува The Washington Post, биле подароци од странски челници, писмото коешто според традицијата го остава неговиoт претходник Барак Обама и повеќе писма од Ким Џонг-ун.
Доналд Трамп, првиот американски претседател кој во текот на својот мандат се сретнал со севернокорејски лидер кои досега доаѓаа од семејството Ким, ја одржуваше за јавноста добро познатата преписка со Ким Џонг-ун.
„Ми пишуваше убави писма, тоа се одлични писма. Се вљубивме еден во друг“, изјави Трамп на еден собир во септември 2018 година, потсетува The Washington Post.
Но кон средината на оваа година американскиот Национален архив „организираше враќање на 15 кутии со претседателски документи“ од резиденцијата на Трамп на Флорида во Вашингтон“, наведува Архивот во писмената изјава за агенција AFP.
„Тие документи Белата куќа требаше да му ги предаде на Архивот на крајот од администрацијата на Трамп, во јануари 2021 година“, уверуваат од Архивот и додаваат дека некои документи сѐ уште не се предадени.
Минатата седмица, како што тврдат во Националниот архив, дознале дека наводно Трамп имал обичај да искине некои свои работни документи, што е спротивно на законот од 1978 година.
Некои листови хартија предаден на Архивот „архвистите на Белата куќе ги залепиле со леплива лента“, тврдат. Другите се предадени во „состојба во каква што биле“.