Претседателот на САД, Доналд Трамп, има намера да прогласи вонредна состоја во САД поради епидемија од смртоносниот коронавирус. Тој најави прес-конференција во 15 часот по источно американско време (20 часот по македонско време).
Првично, ова денеска го објави агенцијата „Блумберг“, повикувајќи се на свои извори, а потоа некои американски медиуми потврдија.
Вонредната состојба ќе биде објавена солгаснсо актот Стафорд, според кој претседателот може да објави вонредна сосотојба и да издвои средства за спречување на последиците од фондот на Федералната агенција за вонредни ситуации. Законот бил донесен во 1988 годнина и се применувал многу ретко.
Поранешниот претседател Бил Клинтон во 2000 година објави вонредна состојба поради ширењето на Западно-нилска треска во САД.
Трамп денеска на Твитер соопшти дека планира да одржи прес-конференција во врска со развојот на ситуацијата со епидемија на коронавирусот во САД.
– Во 3 часот попладне ќе одржам прес-конференција. Бела куќа. Тема: Короновирус, напиша Трамп на Твитер.