четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Трамп најави самостојно производство на поголеми количества медицинска опрема

Трамп најави самостојно производство на поголеми количества медицинска опрема

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека САД сами ќе произведат големи количества од респиратори, заштитни маски и друга медицинска опрема во случај на идни закани по здравјето.

За време на посетата на Центарот за дистрибуција на медицинска опрема во Пенсилванија Трамп кажа администрацијата нарачала речиси 200.000 респиратори и 800.000 заштитни маски N95, јавуваат американските медиуми.

Трамп соопшти дека негова цел е Америка сама да произведе се што и е потребно, а потоа и да извезува опрема, вклучувајќи и лекови.