петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Трамп не го иполни ветувањето да му се јави на телефон на Ким Џонг-ун

Трамп не го иполни ветувањето да му се јави на телефон на Ким Џонг-ун

Претседателот на САД Доналд Трамп не го исполни ветувањето во неделата да му се јави телефонски на лидерот на Северна Кореја Ким Џонг-ун, соопшти Си-Ен-Ен, повикувајќи се на портпаролката на Белата куќа Сара Сандерс.

Извори на медиумот од администрацијата на претседателот не кажаа која е причината што телефонскиот разговор не бил остварен.

На 15 јуни на средба со новинарите Трамп изјави дека в недела ќе се јави во Северна Кореја и додаде дека му го дал на Ким својот личен телефонски број, за да може да му ѕвони, ако реши.

Самитот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун се одржа на 12 јуни во Сингапур.

Двајцата лидери потпишаа заеднички документ, според кој Пјонгјанг вети дека ќе го ослободи Корејскиот полуостров од нуклеарното оружје во замена за гаранции за безбедноста дадени од Вашингтон. 

МИА