сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Трамп пред доаѓањето на суд: Одам во Вашингтон да ме уапсат

Трамп пред доаѓањето на суд: Одам во Вашингтон да ме уапсат

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп, во пресрет на неговото пристигнување пред федералниот суд во Вашингтон каде што денеска ќе се изјасни за обвинението со кое се товари за обиди за поништување на резултатите од претседателските избори во 2020 година, изјави дека му е чест што е уапсен.

„Одам во Вашингтон за да ме уапсат поради испрашување за корумпираните, наместени и украдени избори. Почестен сум затоа што ќе ме уапсат поради вас. Ајде да ја направиме Америка повторно голема!“, порача Трамп на својата платформа на социјалните мрежи.

Тој додаде дека му треба „уште едно обвинение“ за да ги обезбеди изборите.