Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Касем Сулејмани, иранскиот генерал убиен во американскиот напад со дрон, планирал да ја разнесе во воздух амбасадата на САД во воздух.
Порталот Политико пренесува дека Трамп го нарекол Сулејмани „целосно чудовиште“ и дека би требало да биде уништен многу порано.
-Ќе го кажав ова. Фативме чудовиште, го уништивме. Тоа требаше да се лсучи многу порано. Тоа го направивме бидејќи имаат план да ја дигнат во воздух нашата амбасада. Го направивме од очигледни причини, еден од нашите луѓе од војската загина. Луѓе се тешко ранети само една недела претходно, изјавил Трамп.
Подоцна, на митинг во Толедо, американскиот претседател истакнал дека Сулејмани планирал да нападне повеќе американски амбасади.
-Сулејмани активно планирал нови напади и сериозно ги разгледувал нашите амбасади, не само амбасадата во Багдад, но ние го запревме, порача Трамп.