недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Трамп: Убиен еден од лидерите на Ал Каеда

Трамп: Убиен еден од лидерите на Ал Каеда

Претседателот на САД, Доналд Трамп истакна дека американски сили за време на противтерористичка операција во Јемен го убиле лидерот на Ал Каеда на Арапскиот полуостров.

Трамп истакна дека силите на Ал Каеда сториле страшни злосторства против цивилите во Јемен и сакале да изведат напади против американските сили, пренесе Ројтрес.

-Неговата смрт е уште еден чекор наназад за Ал Каеда на  Арапскиот полуостров и не’ приближува кон елиминирање на заканите по  нашата национална безбедност, изјавил американскиот претседател.

Трамп не наведе точно кога лидерот на Ал Каеда, Касим Ал Раими бил убиен.

Според извештаи од Јемен, Рaими бил убиен во напад со беспилотно летало во Марибо, град во централниот дел на Јемен, на околу 135 километри источно од главниот град Сана.