понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Трамп во посета на Велика Британија на 13 јули

Трамп во посета на Велика Британија на 13 јули

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе ја посети Велика Британија на 13 јули, изјави портпаролката на Белата куќа Сара Сандерс.

Претходно планираната посета на Британија, беше откажана во јануари.

Информацијата ја потврдија и британскиот амбасадор во САД, Ким Дарк и од Даунинг стрит.

„Претседателот Трамп ќе ја посети Велика Британија на 13 јули. Ќе има билатерални разговори со премиерката Тереза Меј за време на посетата“, се вели во соопштение од Даунинг стрит.

МИА