сабота, 3. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Трансродова затвореничка морала да биде префрлена во машки затвор бидејќи забременила две други затворенички

Трансродова затвореничка морала да биде префрлена во машки затвор бидејќи забременила две други затворенички

Трансродова затвореничка, од која забремениле две други затворенички во единствениот женски затвор во американската сојузна држава Њу Џерси, е преместена во машки затвор. Таа, инаку, е родена како биолошки маж.

Имено, Деми Мајнор, која отслужува 30-годишна затворска казна за прободување на нејзиниот поранешен старател, во јуни беше префрлена од женскиот казнено-поправен дом „Една Мејхан“ во поправниот дом за млади лица – „Гарден стејт“. Таа, притоа, се жали на кршење на нејзините права и во објава на својот блог тврди дека по преместувањето, се обидела и да се обеси.

– Прифатив дека сум во машка институција, но не прифатив дека сум ништо друго освен жена, која случајно е трансродова!, нагласи таа.

Мајнор го обвини затворот дека ѝ нанел „непоправлива психолошка болка“ изложувајќи ја на овие предизвикувачки ситуации.

– Не умеам да живеам како маж и одбивам кога било да им се вратам на таквите навики или однесување“, пишува таа на својот блог, жалејќи се и на тоа што новиот затвор нема клима-уред, ни кабловска телевизија и не дозволува видеоповици, како ниту ЛГБТК-групации. – „Психички не сум своја и ја губам својата суштина. Деми, која сака да се шминка и да се дружи со другарките, не смее тука, додаде таа.

Мајнор била префрлена откако било откриено дека „таа“ е одговорна за бременоста на две затворенички. Установата со 800 затворенички, инаку, почна да прима трансродови жени – вклучително и онакви на кои допрва треба да им биде извршена операција за промена на полот, по тужба минатата година. Сега има 27 транс-затвореници.

Мајнор во 2020 година ја започна својата родова транзиција. (МИА)