понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Три кинески компании класифицирани како опасни по националната безбедноста на САД

Три кинески компании класифицирани како опасни по националната безбедноста на САД

Американската Федерална комисија за комуникации (ФЦЦ) денеска ги додаде „АО Касперски лаб“ (АО Kaspersky Lab), „Чајна телеком“ (China Telecom (Americas) Corp) и „Чајна мобајл интернешнл САД“ (China Mobile International USA) на својата листа на комуникациска опрема и услуги кои се сметаат за закана за националната безбедност на САД.

Во согласност со Закон од 2019 година, ФЦЦ ја ажурира и објавува листа на комуникациска опрема и услуги кои претставуваат неприфатлив ризик за националната безбедност или по безбедноста на поединци во САД.

Минатата година ФЦЦ класифицира пет кинески компании како закана по националната безбедност на САД. (МИА)