вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Три нови случаи на ебола во Конго

Три нови случаи на ебола во Конго

Во  Демократска Република Конго се потврдени три нови случаи на ебола, соопшти Министерството за здравство на таа земја.

Во соопштението се наведува дека овие случаи се регистрирани во  Мбандака, град со околу 1,5 милиони жители, кој се наоѓа на реката Конго и е поврзан со Киншаса со многу речни врски.

Уште еден непотврден случај е забележан во текот на вчерашниот ден. 

Бројот на починати од ебола во ДР Конго, според Светската здравствена организација (СЗО),  се искачи на 25 од досегашните вкупно 45 случаи.

Епидемијата изби на почетокот на месецов во руралното подрачје во северозападниот дел на ДР Конго и се прошири во Мбандака. Тоа е деветта епидемија на ебола во ДР Конго од 1976 година.

Ебола или хеморагична треска е многу е заразно и смртоносно вирусно заболување.

(Миа)