Индиските власти денеска соопштија дека тројца цивили, членови на исто семејство, ги загубиле животите во синоќешната престрелка меѓу индиските и пакистанските сили во индискиот дел на Кашмир.
Трагичниот инцидент се случил кога минофрлачка граната ја погодила нивната куќа додека биле внатре.
Портпаролот на индиската војска изјави дека пакистанските сили нападнале индиски трупи стационирани долж линијата за демаркација во Кашмир, регион на чија територија во целост имаат право Индија и Пакистан.
Индискиот воен претставник додаде дека станува збор за непровоцирано кршење на примирјето во 2003 година и дека индиските сили реагирале соодветно на нападот. Пакистанската страна сè уште не го коментираше овој инцидент.