Тројца германски скијачи загинаа во лавина на австриските Алпи, а уште едно лице се смета за исчезнато.
Телата на скијачите кои биле на возраст од 57,32 и 36 години се пронајдени синоќа во близина на Лех, во најзападната австриска покраина Форалберг, неколку часа откако сопругата на еден од скијачите пријавила дека се исчезнати.
Полицијата соопшти дека морала да прекине со потрагата по четвртиот Германец поради интензивен снег и ризик од лавини. Со тоа, бројот на загинати во Европа во невремето во изминатите 30 денови е 24.
МИА