вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Тројца скијачи загинаа во лавина, само ден претходно во близина на тоа место загина и 19-годишно момче!

Тројца скијачи загинаа во лавина, само ден претходно во близина на тоа место загина и 19-годишно момче!

Телата на тројца скијачи се пронајдени во лавина што падна во зимско одморалиште во југозападна Франција.

Телата на скијачите биле пронајдени надвор од патеката на одморалиштетот Каутеретс на Пиринеите. Тројцата се Французи, едниот на 29, а двајцата на 38 годишна возраст.

Несреќата се случила минатата ноќ. Само еден ден претходно во блиското одморалиште Гаверние, исто на Пиринеите, во лавина загина 19 – годишно момче.

Властите ги предупредуваат скијачите да не се оддалечуваат од ски – патеките , бидејќи сите досегашни несреќи се случиле надвор од нив.