Тројца руски војници загинаа при соборување украинско беспилотно летало во близина на воениот аеродром Енгелс во областа Саратов, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.
„На 26 декември околу 01:35 часот по московско време, украинско беспилотно летало беше соборено на мала височина додека се приближуваше до воениот аеродром Енгелс во Саратовската област“, соопшти руското Министерство за одбрана.
При падот на остатоците од дронот загинале тројца руски војници, членови на техничкиот персонал, кои биле на аеродромот, соопшти руското Министерство.
Опремата на аеродромот не е оштетена.