сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Тројца повредени во напад на карневал во Ротердам

Тројца повредени во напад на карневал во Ротердам

Три лица се повредени кога напаѓач синоќа отвори оган на „Карипскиот летен карневал“ во центарот на Ротердам, соопшти денеска холандската полиција.

По инцидентот, кој се случил недалеку од една од главните сообраќајници во градот, уапсени се три лица. Полицијата не го соопшти мотивот за нападот.

Карневалот беше прекинат веднаш по пукањето. (МИА)