четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Трудо: Повеќе оружје и воена опрема ќе биде испратена во Украина

Трудо: Повеќе оружје и воена опрема ќе биде испратена во Украина

Канадскиот премиер Џастин Трудо денеска, по ненајавената посета на Киев, истакна дека во Украина ќе биде испратено ново оружје и воена опрема.

По разговорите со украинскиот претседател Володимир Зеленски, Трудо им рече на новинарите дека Канада, исто така, ќе воведе нови санкции за руски поединци и компании поради рускиот напад врз Украина.

Тој додаде дека Канада повторно ќе ја отвори амбасадата во Киев.