Канадскиот премиер Џастин Трудо денеска изјави дека неговата Либерална партија постигнала договор со опозициската Нова демократска партија да остане на власт до 2025 година.
-Ова значи дека во ова неизвесно време, владата може да функционира предвидливо и стабилно, да презентира и спроведува буџети и да обезбедува услуги за Канаѓаните, рече Трудо.
Либералната партија на Трудо повторно победи на изборите во септември, но не успеа да освои мнозинство во парламентот и мора да се потпре на опозицијата за усвојување на законот.
Левичарската партија НДП ќе ги поддржи либералите на Трудо во замена за договори за плановите за фармацевтска и стоматолошка заштита, но нема да има членови во кабинетот на Трудо.
-Се договоривме да работиме заедно. Станува збор за фокусирање на тоа за што се согласуваме место за тоа за што не се согласуваме, рече Трудо. (МИА)