вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ЦРН ПРСТЕН СЕ ПОЈАВИ НАД МОСКВА – народот во паника не знае што се случува, а украинскиот советник на министерот имаше што да каже! (ВИДЕО)

ЦРН ПРСТЕН СЕ ПОЈАВИ НАД МОСКВА – народот во паника не знае што се случува, а украинскиот советник на министерот имаше што да каже! (ВИДЕО)

Видеото од црн прстен од чад над руската престолнина стана вирално на социјалните мрежи, а многу корисници на Твитер шпекулираат како е создаден кругот.

Антон Герашченко, советник на министерот за внатрешни работи на Украина, го сподели видеото на својот Твитер профил и досега го погледнале повеќе од два милиони луѓе.

„Жителите на Москва споделуваат видео од црн круг на небото. Што мислите што е ова?“, праша Герашченко на Твитер.

И не е единствениот кој сподели видео од оваа необична сцена.

Многумина на социјалните мрежи шпекулираат за што се работи, некои тврдат дека видеото е лажно, други дека ова е доказ дека постојат вонземјани, но факт е дека оваа појава е снимена и претходно на бројни локации низ светот.

Слична сцена била забележана во близина на замокот Ворвик во Англија во 2014 година, јавува Би-Би-Си. Црниот прстен наводно лебдел на небото околу три минути и бил снимен од 16-годишна девојка на нејзиниот телефон.

Овој инцидент повторно предизвика шпекулации и загриженост кај поединци кои ја виделе сликата. Некои сугерираат дека тоа би можело да биде рој од инсекти или птици.

Други пишуваа дека се работи за природен временски феномен, теорија која ја отфрли Метеоролошката канцеларија.

Според извештаите, сличен инцидент во Пакистан предизвика бурни реакции во 2020 година.

Тенок црн прстен е забележан на небото над Лахоре, Пакистан, што предизвика загриженост на интернет, пишува „The Sun“.

И покрај загриженоста, извештајот истакна многу веродостојни објаснувања. Индустриски дефект на земјата, како што е експлодираниот електричен трансформатор, може да го создаде овој ефект. Во извештајот се наведува и дека црниот прстен може да биде предизвикан и од употреба на огномет и се наведува дека вителот на чад бара експлозија низ кружна структура, како што е фабрички оџак или домашна канта за ѓубре.