петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Туниската крајбрежна стража од морето кај местото Махдие извлекла тела на 15 мигранти

Туниската крајбрежна стража од морето кај местото Махдие извлекла тела на 15 мигранти

Туниската крајбрежна стража извлече тела на 15 мигранти од морето во близина на местото Махдие, јави државната новинска агенција.

Властите веќе работат на идентификување на телата на удавените, главно африкански мигранти, додаваат британските медиуми.

Африканските мигранти, кои со години наназад доаѓаат јужно од Сахара, се обидуваат да стигнат до Европа преку земјите од Магреб – Тунис, Алжир, Либија, Мавританија и Мароко, но многумина загинуваат на тој неизвесен и опасен пат.