понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Турција ќе отпушти 3.000 лица од армијата поради врски со Ѓулен

Турција ќе отпушти 3.000 лица од армијата поради врски со Ѓулен

Турските власти идентификуваа 3.000 лица во Вооружените сили на Турција, за кои се претпоставува дека се поврзани со исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, информира денеска турскиот министер за одбрана Нуретин Џаникли.

Џаникли најави и дека тие лица ќе бидат отпуштени од армијата во наредните денови.

Анкара го обвинува проповедникот Ѓулен дека стои зад организирањето на обидот за државен удар во Турција во јули 2016 година.