петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Турист уапсен поради обид да шверцува дрогирано животно: Ќе се разгневите од оваа фотографија

Турист уапсен поради обид да шверцува дрогирано животно: Ќе се разгневите од оваа фотографија

Рускиот турист Андреј Жестков беше приведен на аеродромот на индонезискиот остров Бали бидејќи се обиде да ја напушти земјата заедно со дрогиран орангутан „спакуван“ во патнички куфер.

Туристот (27) беше приведен од страна на аеродромското обезбедување додека се обидуваше да го фати летот за Русија.

Обезбедувањето во неговиот куфер пронајде мажјак орангутан стар околу две години, кој беше во длабок сон поради тоа што бил дрогиран со таблети против алергија, кои исто така беа пронајдени во куферот на Русинот.

Освен орангутанот, во куферот на туристот беа пронајдени и два гекони, како и пет живи гуштери.

На Андреј Жестков му се заканува затворска казна од пет години и парична казна од 7.000 долари поради обидот да прошверцува животно кое припаѓа на заштитен вид. Туристот се бранеше со изјавата дека орангутанот не е негов, туку „го добил од пријател како подарок, со намера да го чува како домашен миленик.