среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Турските власти приведоа 122 илегални мигранти во реонот на Едрене

Турските власти приведоа 122 илегални мигранти во реонот на Едрене

Турските власти во реонот на градот Едрене приведоа 122 мигранти, кои планирале илегално да преминат од Турција во Грција или Бугарија.

Мигрантите, по потекло од Сирија, Авганистан и Алжир, биле откриени во неколку преноќишта и хостели во Едрене и блискиот град Калеичи.

Полициската акција била спроведена по добиените информации дека поголем број илегални мигранти се сместиле во преноќишта и хотели во реонот на Едрене, кој се наоѓа во близина на тромеѓето на границите на Турција, Грција и Бугарија.

Во акцијата учествувале и припадници на полициските единици за борба против тероризмот и за спрелување на иелгалната трговија.

МИА