Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск денеска ги повика земјите членки на ЕУ да и помогнат на Франција во обнова на Нотр Дам, истакнувајќи дека оваа катедрала во Париз е симбол на она што ја поврзува Европа.
Туск наведе дека пожарот во Нотр Дам ги потсетува Европејците „колку можеме да загубиме“.
– Тука станува збор за нешто поголемо од материјална помош. Пожарот во Нотр Дам нѐ освести дека нѐ поврзува нешто поважно и подлабоко од договор, рече Туск пред европратениците.
Претседателот на Европскиот парламент Антонио Тајани, на состанок во Стразбур, ги повика европратениците својата дневница да ја донираат за обнова на катедралата.