четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Твитер ќе му го предаде претседателскиот налог на Бајден по положувањето заклетва

Твитер ќе му го предаде претседателскиот налог на Бајден по положувањето заклетва

Твитер ќе му ја предаде контролата на претседателскиот налог @POTUS на Џо Бајден откако ќе ја положи заклетвата за американски претседател, дури и ако Доналд Трамп дотогаш не го признае поразот, соопштија американските медиуми.

Приватниот налог @realDonaldTrump, со околу 88 милиони следачи, стана едно од најмоќните оружја на Трамп за јавно оспорување на изборните резултати, а официјалната сметка @POTUS се користи главно за реобјавување на неговите приватни соопштенија, и има околу 32 милиони следачи.

Твитер претходно најави дека, откако Трамп ќе ја напушти функцијата, кон неговиот приватен налог ќе се однесува како и со сите други од кои се шират неточни информации.

Твитер долго време беше под притисок да го ограничи Трамп да ја употребува платформата за ширење на теории на заговор и дезинформации.