среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Твитер“ објасни зошто не може да укине налози на светски лидери

„Твитер“ објасни зошто не може да укине налози на светски лидери

Компанијата Твитер соопшти дека налозите на светските лидери на таа социјална мрежа имаат посебен статус, одбивајќи барања на поединци да се забранат пораки на претседателот на САД, Доналд Трамп на Твитер.

– Со блокирање на еден светски лидер или бришење на негови контроверзни твитови, би се скриле важни информации што луѓето би требало да имаат можност да ги видат и да дебатираат за нив, објави Твитер.