четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Уапсен еден од најбогатите луѓе во Русија поради проневера на 35 милиони долари

Уапсен еден од најбогатите луѓе во Русија поради проневера на 35 милиони долари

Руските власти денеска го уапсија милијардерот Зијавудин Магомедов по обвинение за проневера на над 35 милиони долари за време на изградбата на стадионот во Калининград.

На првото појавување на суд, Магомедов ги негираше обвиненијата, но судот во Москва му одреди двомесечен притвор.

Магомедов е сопственик на „Сума груп“ и се занимава со градежништво и логистика.

Притвор исто така е одреден и за неговиот брат Магомед Магомедов и Артур Масидов, директорот на една од компаниите во рамките на „Сума груп“ што учествувала во изградбата на објектот за Светското фудбалско првенство во Калининград. (МИА)