Триесет и шестгодишен маж е уапсен во источната германска покраина Бранденбург за наводно подметнување на неколку пожари во блиската шума.
Сведок го набљудувал човекот во саботата, соопшти денеска локалната полиција. Тој е осомничен дека подметнал пожари на четири места во радиус од 500 метри.
Со оглед на тоа што пожарите биле брзо откриени, припадниците на единиците за брза интервенција успеале да ги изгаснат пожарите пред да се прошират, јави ДПА.
Во потрагата по осомничениот, кој сега се товари за подметнување пожар, беше вклучен хеликоптер.
Ротштајн, заедницата каде што човекот наводно ги запалил пожарите, е оддалечен околу 20 километри од шумскиот пожар од големи размери што речиси една недела гори низ јужниот дел на Бранденбург.