Полицијата го уапси напаѓачот кој пукаше во Универзитетот Озмангази во градот Ескишехир, во истоимената турска провинција, јавија турските медиуми.
Напаѓачот, универзитетски истражувачот влегол во Универзитетот и ги застрела заменик деканот, секретарот на факултетот, професор и еден вработен во факултетот.
Мотивите за нападот се уште се непознати.
МИА