Повеќе лица се повредени при напад со остар предмет во Вајден ин дер Оберпфалц во германската покраина Баварија.
Очевидци пријавиле во полиција дека жена нападнала повеќе лица со предмет што наликува на меч.
Полицијата соопшти дека жената е уапсена и веќе не претставува опасност за населението.
На местото на настанот има и Брза помош, која ги прегледува повредените.
Засега нема повеќе детали за нападот. (МИА)