сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Убиен напаѓачот од Стразбур

Убиен напаѓачот од Стразбур

Француската полиција во повторна акција во Стразбур го неутрализира терористот Шериф Шелат кој изврши терористички напад во вторникот, јавува дописникот на МИА.

Терористот, познат на француската и германската полиција поради повеќе криминални дела, беше убиен на улицата Лазарет, јави париски Фигаро, повикувајќи се на полициски извори.

Претходно беше јавено дека има нова полициска акција во квартот Недорф и во квартот околу стадионот на Стразбур – Мено, каде биле слушнати повеќе истрели.

МИА