четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Убиен соработникот на Касим Сулејмани

Убиен соработникот на Касим Сулејмани

Маскирани вооружени напаѓачи денеска од заседа го убија локалниот командант на паравоените безбедносни сили во југозападниот дел на Иран, инаку соработник на иранскиот генерал Касим Сулејмани, кој неодамна беше убиен во американски воздушен напад во Багдад.

Убиениот командант Абдолхосеин Моџадами ги предводел силите Басиџ, кои се паравоено крило на Револуционерната гарда, задолжени за внатрешната безбедност и други задачи.

Тој е убиен пред својот дом во провинцијата Кузестан. Двајца напаѓачи на мотор, вооружени со пушки, му поставиле заседа на Моџадами.