четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Украинците тврдат дека за 18 минути собориле четири руски хеликоптери

Украинците тврдат дека за 18 минути собориле четири руски хеликоптери

Украинската армија тврди дека соборила четири руски хеликоптери на југот на земјата за само 18 минути.

Противвоздушни ракети на украинските воздухопловни сили утрово во периодот од 8:40 до 8:58 часот, според Украинците, ги погодиле руските хеликоптери.

„Целтиривме уште два хеликоптери, така што постои голема веројатност бројот на потврдени соборени хеликоптери да се зголеми“, се вели во соопштението на украинските воздухопловни сили.

Украинците тврдат дека еден од соборените хеликоптери, најверојатно напреден борбен хеликоптер Ка-52, се урнал на територија што Украинците неодамна ја ослободија од проруските сепаратисти, додека другите паднале зад непријателските линии.

Руските хеликоптери „им пружаа воздушна поддршка на окупаторските пешадиски сили во правец на југ“ кога беа соборени, соопшти украинската армија.

Оваа информација е делумно потврдена од проруски извори, наведува „Sky News“.