Украинската полиција спроведе претреси во домовите на неколку свештеници на Руската православна црква во повеќе украински градови.
Полицијата информира дека извршени се претреси на осум локации во Киев и регионот Житомир, во рамки на истрагата за ширење омраза и поттикнување насилство.
Според РПЦ, повеќе од 20 нејзините свештеници, исто така, биле повикани на разговор во просториите на Украинската служба за безбедност.
Украинскиот претседател Петро Порошенко вчера изјави дека православните верници ќе можат да одлучат дали ќе се приклучат кон автокефалната Украинска православна црква по нејзиното основање.
-Државата го гарантира уставното право на слобода на вероисповед, вклучувајќи ги и оние кои ќе сакаат да останат во Руската православна црква, рече Порошенко.