сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Украински форензичари почна ексхумација на тела од масовна гробница во Буча

Украински форензичари почна ексхумација на тела од масовна гробница во Буча

Форензичари денеска почнаа ексхумација на тела од масовна гробница во украинскиот град Буча, завиткувајќи ги во црна пластика и изложувајќи ги телата на цивилите, за кои официјални лица тврдат дека загинале за време на руската инвазија.

Руслан Кравченко од обвинителството во Буча изјави дека се ексхумирани 20 тела, од кои 18 биле со прострелни рани и рани од шрапнел. Тој потврди дека се идентификувани две жени, а една од нив работела во супермаркет во центарот на градот.

– Постојат сведоци кои можат да потврдат дека овие луѓе биле убиени од руските сили. Без никаква причина, тие само се движеле по улицата или биле евакуирани. Некои од нив само зборувале на украински јазик, додаде обвинителот.