понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Украински генерал тврди дека заробиле 200 руски војници

Украински генерал тврди дека заробиле 200 руски војници

Украинскиот генерал-мајор, Борис Кременецки одржа конференција во Вашингтон, каде што рече дека заробиле околу 200 руски војници кои биле „лошо опремени“.

–Заробивме околу 200 руски војници, од кои некои се на возраст од 19 години. Тие воопшто не се обучени и се слабо опремени. Постапуваме во согласност со Женевската конвенција, изјави Кременецки, кој во моментов е функционер во Амбасадата на Украина во САД.

Кременецки додаде дека на војниците им било дозволено да им се јават на родителите и дека добивале храна и вода. Си-ен-ен не можеше да го потврди ова негово тврдење.

Генералот, исто така, рече дека тесно соработува со Пентагон, но дека на Украина сепак и е потребна позначајна воена помош.

–Ни треба дополнителна помош. Ве уверувам дека се што добивме досега е искористено на вистински начин, изјави тој.