Украинската државна агенција за нуклеарна енергија ги обвини руските сили поради приведување и малтретирање на уште еден висок функционер во нуклеарната централа Запорожје во јужна Украина што е под руска контрола.
Во соопштението се вели дека руските сили го „киднапирале“ заменик генералниот директор за човечки ресурси во Запорожје, Валериј Мартиниук и го повикале шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Рафаел Гроси, кој е во посета на Русија да обезбеди негово ослободување.