недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Украинските сили ноќеска собориле 27 од 36 лансирани руски дронови

Украинските сили ноќеска собориле 27 од 36 лансирани руски дронови

Украинските сили изминатата ноќ собориле 27 беспилотни летала истрелани од руските сили на југот на Украина, јавија утринава украинските воени власти на Телеграм.

Русија лансираше 36 беспилотни летала од источниот дел на полуостровот Крим, што го анектираше во 2014 година, се додава во извештајот на украинските сили.

Руската војска, која на 24 февруари 2022 година ја почна својата инвазија врз Украина, речиси секоја вечер напаѓа различни украински региони, користејќи беспилотни летала и проектили.