Украинските војници денеска почнаа обука во Германија за управување оклопна хаубица 2000.
Министерството за одбрана на Германија соопшти дека украинските војници се во воената школа во Идар-Оберштајн. Обуката обично трае 40 дена, но може да се скрати доколку војниците имаат одредени предзнаења.
Германија планира да испрати седум оклопни хаубици 2000 во Украина. Пет такви возила ќе испорача и Холандија во Украина, а обуката се одржува во договор со Хаг. (МИА)