петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Унца злато 1.943 долари, берзите различни

Унца злато 1.943 долари, берзите различни

Цената на златото денеска се искачи на историско највисоко ниво, како резултат на зголемената побарувачка на загрижените инвеститори за скапоцени метали, поради влошените дипломатски односи меѓу Кина и САД, додека расположението на берзите е различно пред објавување на извештаите за работење на компаниите.

Се проценува дека европските акции денеска ќе компензираат дел од силниот пад што беше регистриран во петокот, бидејќи терминскиот индекс „EuroStox 50“ утрово зајакна за 0,2 проценти.

Акциите на азиските берзи имаа мешано движење.

Ентузијазмот на кинеските пазари се намали, иако индексот на најликвидните акции CSI300 сепак забележа мало закрепнување од 0,1 проценти во однос на големата загуба што ја регистрираше во петокот.

На нерамномерното тргување на Вол Стрит, индексот на фјучерсите S&P500 порасна за 0,4 проценти, додека индексот на јапонската берза Никеи падна за 0,5 проценти.

Глобалните акции почнаа да поаѓаат кон крајот на минатата недела, откако Вашингтон нареди затворање на кинескиот конзулат во Хјустон, по што Кина врати со затворање на американскиот конзулат во Ченгду.

Во исто време, цената на златото скокна за 1,6 проценти на рекордни 1.943 американски долари за унца, надминувајќи го претходното највисоко ниво од септември 2011 година, бидејќи инвеститорите се свртеа кон инвестирање во безбедни средства поради американско-кинеските тензии. (МИА)