Унгарија планира младите под 25 годишна возраст целосно да ги ослободи од плаќање на данок на приход најдоцна до јануари 2022 година, најави денеска премиерот Виктор Орбан.
Како што пренесуваат медиумите, тоа најверојатно би го чинело буџетот на државата околу 439,35 милиони долари.
Ројтерс наведува дека во Унгарија следната година треба да се одржат парламентарни избори. Орбан е на власт повеќе од една деценија.