четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Унгарија очекува да ги задржи договорите со Русија за испорака на гасот

Унгарија очекува да ги задржи договорите со Русија за испорака на гасот

Испораките на рускиот природен гас се важни за Унгарија и Будимпешта би сакала да ја задржи таквата соработка со Москва во оваа сфера, вели унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто во интервјуто објавено во саботата во Veszprémi Naplóban.

„Договорите со Русите за снабдување со гас отсекогаш биле почитувани од двете страни. Се надеваме дека така и ќе остане. Доколку не биде така, ќе се појави голем проблем“, вели Сијарто.

Кон крајот на септември минатата 2021 година беа потпишани меѓу унгарската енергетска компанија и рускиот гасен концерн „Газпром“ два договора за вкупно количество од 4,5 милијарди кубни метри гас годишно, а рокот на секој договор е 15 години. Испораките на енергенсот се одвива преку две рути: 3,5 милијарди кубни преку Србија и милијарда кубни метри преку Австрија. Тогаш Украина остро реагираше, бидејќи така е забиколена и останува без значајни средства од таксите за транзитот на рускиот газ.

„Повеќе од 40 отсто од испораките на природен гас во европа оптаѓаат на увозот од Русија. Во случајот на Унгарија, рускиот увоз сочинува повеќе од 80 отсто од потрошувачката на гасот во земјата“, потсетува Сијарто.

По ова прашање шефот на унгарската дипломатија изрезува целосно несогласување со предлогот на опозицијата Будимпешта да се откаже од купувањето руски гас.

„Доколку стапи на сила предлогот на опозицијата за запирање на испораките на гасот (од Русија), тогаш во Унгарија нема да има ниту затоплување, ниту индустрија, што знали дека би затвориле работни места и компаниите би банкротирале“, предупредува Сијарто.

„Во наш интерес е да продолжиме со снабдувањето со гас. Тоа е целсно со европските правила, бидејќи ‘Газпром’ не е вклучен на листата за санкции во ниедна форма, а ‘Газпромбанк’ не е вклучена на лиостата банки кои треба да бидат исклучени од меѓународниот платен систем SWIFT“, додава унгарскиот министер за надворешни работи.

Претходно во петокот унгарскиот премиер Виктор Орбан за државното радио изјави дека Унгарија ги поддржа санкциите на Европската унија против Русија, но нејзината сопствена економија неизбежно ќе биде погодена од нив.

„Санкциите имаат цена, бидејќи тоа е меч со две острици и таа цена ќе ја платиме на кус рок“, рече Орбан во интервјуто, додавајќи дека Владата во Будимпешта мора да работи на ублажување на директната штета од мерките против Русија.

Орбан, исто така, рече дека зголемувањето на цените на енергијата ширум Европа ќе поттикне дополнителни инфлациски притисоци што централната банка и владата ќе мора да ги издржат.