сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Унгарија одлучи: Државните службеници МОРА да се вакцинираат против коронавирус

Унгарија одлучи: Државните службеници МОРА да се вакцинираат против коронавирус

Владата на Унгарија побара државните службеници да се вакцинираат против ковид-19 и носењето маски да биде задолжително во јавниот превоз од 1 ноември.

Додека во приватните компании сопствениците ќе можат да побараат од вработените да се вакцинираат ако оценат дека тоа е потребно.

Во изминатите 24 часа во Унгарија се регистрирани 4.039 новозаболени лица и 45 смртни случаи.

Само половина од жителите на Унгарија се вакцинирани против Ковид-19.