Унгарската влада вчера донесе уредба со која министерот за внатрешни работи Шандор Пинтер го нанзачи на чело на новоформираниот Генерален директорат на националните болници.
Во согласност со уредбата Пинтер ќе биде одговорен за управување и надзор со работата на ова оперативно тело за координирање на одговорот на епидемијата на коронавирусот и ќе предлага организациски и оперативни правила за работа што мора да бидат одобрени од премиерот Виктор Орбан, јави МТИ.
Унгарскиот премиер, исто така, со уредбата го назначи Золтан Јане за извршен директор на Генералниот директорат на националните болници.