четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

УНХЦР: Во 2021 година над 3.000 мигранти загинале обидувајќи се да стигнат во Европа

УНХЦР: Во 2021 година над 3.000 мигранти загинале обидувајќи се да стигнат во Европа

Во 2021 година 3.077 луѓе загинаа или исчезнаа во Средоземно Море и Атлантски Океан во обид да стигнат до Европа, се наведува во најновиот соопшти извештај на Високиот комесаријат за бегалци на Обединети нации (УНХЦР).

УНХЦР апелира на итна акција за борба против зголемување на бројот на смртни случаи помеѓу барателите на азил и другите мигранти кои се обидуваат да стигнат до Европа.

Во извештајот се наведува дека бројот на загинати или исчезнати мигранти минатата година е двојно поголем од 2020 година, кога по морски пат загинале или исчезнале 1.544 луѓе. (МИА)