сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

УНХЦР: Вториот бран бегалци од Украина ќе бидат поранливи групи

УНХЦР: Вториот бран бегалци од Украина ќе бидат поранливи групи

По првиот бран бегалци од Украина, најверојатно ќе има и втор бран, но со повеќе ранливи групи луѓе, изјави денеска директорот на Агенцијата за бегалци на ОН (УНХЦР), Филипо Гранди.

„Ако војната продолжи, ќе почнат да пристигнуваат луѓе кои немаат финансиски средства или врски“, рече шефот на УНХЦР.

Тој додаде дека ова ќе биде покомплексна ситуација за Европа и дека ќе биде потребна поголема солидарност од сите во Европа и пошироко.

Гранди објасни дека во првиот бран пристигнале оние кои имале „некои средства и ресурси“, голем број од нив пристигнале со автомобил и имаат врски и познанства и можат да одат во земји каде што имаат семејство, пријатели и нивна заедница.  (МИА)