петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

УНХЦР до владите во светот: Не враќајте ги луѓето во Судан, има жестоки борби

УНХЦР до владите во светот: Не враќајте ги луѓето во Судан, има жестоки борби

Високиот комесаријат за бегалци на ОН денеска ги повика владите во светот да не ги враќаат цивилите од Судан во земјата разурната од конфликтот, каде завојуваните страни продолжуваат насилно да се борат со кршење на примирјето.

-Ги советуваме владите да не ги враќаат луѓето во Судан поради тамошниот тековен конфликт, рече Елизабет Тан, директорка во УНХЦР задолжена за меѓународна заштита.

Ова се однесува на судански државјани, странски државјани, вклучително и бегалци кои се преселени во Судан, лица без државјанство, како и оние кои немаат пасош или друга форма на идентификација“, рече Тан на брифинг со новинарите во Женева.