понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

УНИЦЕФ подели пари на 1,5 милиони семејства во Јемен

УНИЦЕФ подели пари на 1,5 милиони семејства во Јемен

Детскиот фонд на Обединети нации (УНИЦЕФ) соопшти дека денеска доделил  пари на  речиси 1,5 милиони семејства во Јемен за да го спречи ризикот од глад.

Таа исплата е дел од програмата на Светска банка во износ од 200 милиони долари.

Регионалниот директор на УНИЦЕФ, Гирт Капеларе изјави дека парите стигнале до девет милиони луѓе и дека ќе им овозможи на семејствата да купат храна и лекови за децата, од кои голем број се неухранети.

Тоа е втора од трите исплати, а наредната исплата е планирана за август.

ОН го сметаат Јемен за најголема хуманитарна криза во светот, со 22,2 милиони луѓе на кои им е потребна помош.