четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

УНИЦЕФ: Во ЦАР 1,5 милиони деца имаат потреба од хуманитарна помош

УНИЦЕФ: Во ЦАР 1,5 милиони деца имаат потреба од хуманитарна помош

Две од секои три деца во Централноафриканската република имаат потреба од хуманитарна помош. Илјадници од нив се наоѓаат во рацете на вооружени групи или се жртви на сексуално насилство, предупредува УНИЦЕФ.

Околу 1,5 милиони деца имаат потреба од хуманитарна помош во таа земја, во која долги години се водат борби меѓу вооружени групи.

– Кризата ја зафати една од најсиромашните и најслабо развиените земји во светот, но истовремено е и една од најопасните држави за хуманитарните работници, изјави претставничката на УНИЦЕФ за ЦАР, Кристин Мухигана.

Според неа, „ситуацијата во која се наоѓаат децата во ЦАР е очајна“.

МИА